Како звучи кога покрај вас ќе пролета автомобил со брзина од 400км/ч
13 јули, 20160
Фабрички декларираната максимална брзина на Bugatti Veyron Super Sport надминува 430км/ч (на сериските автомобили брзината е електронски лимитирана на 415км/ч), но мал број сопственици имаат можност да се приближат до тој број, и тоа главно на специјални патеки.
Еден сопственик на овој модел успеал да достигне брзина од 396,5км/ч и тоа на затворена делница на јавен пат во американската сојузна држава Ајдахо.
Погледнете како изгледало ова од перспектива на група набљудувачи која се наоѓала во близина на патот, а ако за момент ги затворите очите, лесно би можеле да замислите дека покрај вас проаѓа воен авион.