За два месеци овие возила нема да смеете да ги возите!

8 април, 20160
6

Се ближи рокот кога ќе биде забрането увоз на стари возила со еколошки стандарди еуро 3, кој ќе биде дозволен само со еуро 4 и над овој стандард. Нивниот увоз годинава е двојно зголемен во однос на лани.

Од 1 јуни годинава во Македонија нема да биде дозволено внесување на возила со стандардот еуро 3, тоа значи дека веќе нема да можат од странство да се набавуваат коли постари од 2004 година.

Зголемување има и кај увозот на товарни употребувани возила, увозниците на употребувани возила велат дека овој значаен пораст на внесувањето половни автомобили во првите месеци се должи токму на заострувањето на еколошките критериуми, кое ќе важи од почетокот на јуни оваа година.

Од 1 јуни во земјава ќе биде возможен увоз само на возила со датум на производство од 2004 година, па нагоре.

Инаку, старите возила се сметаат како еден од главните причинители за загаденоста на воздухот, која во земјава е особено изразена во зимските месеци од годинава.

Импортерите на нови возила, кога беа најавени овие мерки на заострување на еколошките критериуми, изјавија дека мерката е добра, но многу задоцнета, бидејќи, како што рекоа, „земјава веќе се наполнила со огромни количини на употребувани возила“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *