Galaxy S7 Edge: Најдобриот концепт досега!

24 јануари, 20160
9

Идниот месец Samsung официјално ќе го презентира Galaxy S7 и сите негови верзии, вклучувајќи го и Edge моделот. Оваа недела, во јавноста се појави веројатно најдобриот концепт досега…

Концептот на Martin Hajek претпоставува дека телефонот ќе биде заоблен на три страни – левата и десната (како оригиналниот Galaxy S6 Edge), но и долната страна. На долниот заоблен дел ќе се наоѓаат двете капацитативни копчиња, како и Home копчето со вграден скенер за отпечатоци.

Задниот дел од телефонот овојпат ќе биде заоблен, слично како кај iPhone 6s. Покрај изгледот, тука се и слотот за MicroSD картичка, како и USB Type C приклучок.

Пишете ни како ви се допаѓа овој дизајн во коментарите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *