Како од ништо стигна до „Гугл“ и најдобар шеф во светот

15 април, 20160
22

Извршниот директор на „Гугл“  Сундар Пичаи со својата брилијантна стратегија на управување во „Гугл“ , има потенцијал да биде еден од најмоќните директори во светот.

„Гугл“  лани сите ги изненади со најавата за рекоструирање и соновање на Алфабет, врвна компанија која ги опфаќа сите компании поврзани со „Гугл“  .

Тогаш за извршен директор на најважната компанија е изберен Сундар Пичаи. Пичаи е еден од ветераните во „Гугл“ кој во компанијата стигнал во 2004 година па со текот на годините брзо се искачи во хиерархијата и работел на значајни проекти.

Сега во јавноста пристигнаа информации за заработката која извршниот директор на „Гугл“  ја остварил во текот на минатите години и, покрај редовната годишна плата од 652 илјади долари, добил награда во вредност од 99,8 милиони долари, така што вкупната цифра која ја заработил минатата година надмина 100 милиони долари.

Тоа не е крај на занимливостите, Пичаи наградата ја добил во јануари лани, значи пред да биде поставен на челната позиција на „Гугл“, а во февруари годинава добил нова, подобра награда – дури 199 милиони долари во акции кои периодично ќе ги прима до 2019 година, ако до тогаш остане во компанијата.

Се на се, во период од 13 месеци Пичаи од своите работодавачи добил дури 300 милиони долари, а вредноста на самите акции кои ги добил е 635 милиони долари.

Иако е задолжен за една од највлијателните светски компании, Пичаи е еден од ретко смирените лидери во Силициумската долина. Изгеда дека тоа е добитната комбинација.

Некои поранешни менаџери го опишуваат како досаден, но аналитичарите велат дека тоа е клучната особина на ефикансите шефови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi