Ова е новото „оружје“ на Самсунг во борбата против Apple

10 јуни, 20160
6
Економските аналитичари веруваат дека новите паметни телефони на јужнокорејската компанија Самсунг би можеле „целосно да го променат пазарот“.

Откако во последниов период Самсунг забележа намалување на приходите и пад на производството, се чини дека во оваа компанија можат да бидат доста задоволни од овогодинешните модели Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge кои што го воодушевија светот.

За следнат година, Самсунг се подготвува за нови иновации со кои што ќе се обиде да освои уште поголем дел од пазарот и ќе го нападне Apple. Американската компанија и покрај тоа што бележи пад на продажбата на Ајфонот и со тоа самите приходи, и натаму го има најголемиот дел од финансискиот „колач“ на пазарот со паметните телефони.


Според неименувани извори кои што се добро запознаени со плановите на Самсунг, јужнокорејската компанија планира уште идната година да претстави два паметни телефони со флексибилни екрани, од кои еден би можел да се преклопува како „кутија за козметика“, пренесува Bloomberg.

Таквиот мобилен телефон би можел да се користи како класичен паметен телефон со екран со дијагонала од 5 инчи, но истовремено би можел да се „отвори“ и да се користи како таблет со дијагонала од 8 инчи. За ваков компактен уред се говори доста време, а се чини дека Самсунг прв ќе им понуди на корисниците уред кој ќе има доволно голем екран, но истовремено ќе има далеку помали димензии од „фаблетите“, на пример.

Аналитичарот од компанијата IBK Securities, Ли Сеунг Ву смета дека ваквиот производ целосно би можел да го промени пазарот – секако, доколку Самсунг успее да направи атрактивен уред со флексибилен екран кој ќе биде доволно моќен како и останатите паметни телефони на јужнокорејската компанија.


Претставувањето на овие телефони би можеле да го очекуваме веќе на почетокот на следната година (се шпекулира дека би можеле да бидат претставени во февруари на Mobile World Congress), а раното претставување на Самсунг ќе им овозможи голема предност во однос на Apple кои своите најатрактивни уреди за 2017-та година ќе ги претстават дури во септември.

Уредите со флексибилни екрани најверојатно нема да бидат дел од Galaxy S серијата, а интересно е тоа што оваа компанија има намера идниот „фаблет“ од Galaxy Note серијата има намера да го претстави како Galaxy Note 7, а не ако Note 6 со цел да има ист број како и овогодишните Galaxy S морели (Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *