Приходите на Facebook пораснаа за повеќе од 50 проценти

30 јануари, 20160
1

„Facebook“ со леснотија ги надмина и најоптимистичките прогнози на аналитичарите од „Волстрит“ во однос на приходите и профитот по акција, пишува „CNBC“.

Доцна вчера социјалната мрежа ги објави резултатите за четвртиот квартал од 2015-та година. Според нив „Facebook“ предвиде заработка по акција од 0.79 долари кај приходи од 5.84 милијарди долари. Највисоките очекувања на аналитичарите беа за приходи од 5.67 милијарди долари и добивка по акција од 75 центи. Просечните очекувања беа уште пониски, односно 68 центи и 5.37 милијарди долари приходи.

На берзата акциите на компанијата поскапеа за 12%, до 105.90 долари за готово, откако ја завршија сесијата на 94.45 долари. Акциите на социјалната мрежа достигнаа рекордни 110.65 долари на 5-ти ноември. Зголемувањето во рамките на вчерашниот ден го одбележаа и акциите на конкурентите од „LinkedIn“ и „Twitter“.

 

За целата 2015-та година „Facebook“ предвиде приходи од 17.93 милијарди долари, што е зголемување од 44% во однос на претходната година. Во споредба со четвртиот квартал од 2014-та година, компанијата, предводена од Марк Цукерберг, се подобрени приходи за 52%, а добивката по акција – за 46 отсто.

 

Вкупниот број на корисници на крајот на 2015-та година веќе е 1,59 милијарди лица, а од нив 1,44 милијарди ја користат платформата на своите мобилни телефони. За прв пат во историјата на „Facebook“ повеќе од 90% од дневниот и месечен сообраќај доаѓа токму од корисниците со телефони. Повеќе од 80% од приходите на платформата исто така доаѓаат од овој канал. Секој ден корисниците на компанијата гледаат повеќе од 100 милиони часа видео материјал, а рекламите на „Facebook“ денес веќе користат 2,5 милиони компании.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi