Поправете ја грешката пред да биде предоцна: Имате само еден живот кој за жал не го користите максимално!

16 април, 20160
7

Ако подобро размислите, колку и да ви звучи клише, имате само еден живот кој за жал не го користите максимално.

Кога постарите ќе ги прашате дали жалат за нешто, ќе ви наведат барем 5 од овие 10 работи.

Затоа, поправете ја грешката пред да биде предоцна. Еве што сè правите погрешно, без да забележите:

1. Не го кажувате на глас она што го мислите

Ова е една од најчестите работи за кои ќе зажалите. Важно е да се изборите за себе и да им дадете на другите до знаење кои се вашите ставови.

Луѓето не знаат да читаат мисли, па ако сте искрени веројатно ќе го добиете она што го сакате. Плус, ќе привлекувате искрени луѓе кои ве ценат. Други не ви ни требаат!

2. Не верувате доволно во себе

Жените често пати се несигурни, за разлика од мажите, па тоа е проблемот заради кои постојано се прашуваат „дали правилно ја завршив работата?“

Се е во ставот – ако не верувате во себе, нема ни другите да ги уверите во тоа.

Пред да постигнете нешто, доволно е да се запрашате дали имате волја да се обидете.

3. Не се занимавате со она што го сакате

Многу луѓе денес работат добро платени работи без да уживаат во нив или пак лошо платени работни затоа што немаат избор. Но, ништо во животот не морате!

Секој заслужува да го прави она што го сака, па ако сте одлучни и сите аспекти од животот ги склопите како што треба, успехот и задоволството ќе дојдат „рака под рака.“

4. Не се грижите за здравјето

Се што сте правеле во младоста, се рефлектира на здравјето во староста. Сепак треба да го живеете животот, да каснете нешто слатко, да се напиете чаша вкусно вино, затоа што во тоа вистински уживате.

Но, не ги заборавајте знаците кои укажуваат на болен организам, мислејќи дека не ви е ништо.

Зошто само младоста да ви биде убава, кога може и староста?

5. Се замарате со ситници

Тешко е да не се изнервирате за гужвата во сообраќајот или ручекот кој не го погодивте, но запрашајте се колку тоа ќе ви биде важно утре?

Еден ден нема да се сеќавате ниту на ручекот кој го изгоревте, ниту на возачот кој ве заглавил.

Тоа е само една секунда или минута која не значи апсолутно ништо!

6. Луѓето кои ги сакате ги ставате на последно место

На саканите секогаш им го даваме најлошото од себе, додека за останатите се трудиме многу повеќе.

Се нервирате околу шефот и колегите, па им го посветувате целото време кое го имате, наместо да се релаксирате со личноста која постојано е до вас.

За промена, научете им кажете нешто убаво и бидете тука кога сте им потребни. Се останато е минливо, само потрудете се да не го сфатите тоа предоцна.

7. Носите маска за да ги воодушевите другите

Колку убави моменти пропуштивте, ставајќи ја маската на недопирлива личност?

Бидете онакви какви што сте и правете го она што го сакате. Ако одите против себе, благо кажано, запаѓате во тотално лудило.

8. Го правите она што другите го сакаат

Прво го правевте она што ви го кажуваа родителите, па учителите, па шефовите… До кога?

Компромисот е неопходен, но не по цена на нарушувањето на сопствената среќа. Научете да го склопите животот онака како вас ви одговара.

Не морате да имате деца ако не сакате, ниту пак да се омажите или ожените – тоа е ваша одлука, а не притисок од околината.

9. Не ги живеете моментите

Престанете да го чекате петокот кој следи или викендот, следната година или некој далечен настан… Живејте денес, искористете го само најдоброто од денот.

Сфатете дека вашата седмица трае 7 дена, не постојат само викендите.

10. Чекате работите сами да се случат

Сите имаме планови и цели, но ако не преземете ништо, тие нема да се исполнат.

Колку и да имате навика да ги одложувате нештата, ништо нема да ви падне од небо.

Ако нешто навистина сакате, подобро е да тргнете со мали чекори отколку да стоите во место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *