23 јануари, 2017

Радио

Eдно од најраширените верувања, дека кршењето огледало носи несреќа, датира од древни времиња кога изработката на овој предмет била многу скапа, бидејќи се правело од ретки материјали, како што е вулканското стакло. Го имале само богатите.

Познати венециски мајстори од 15 и 16 век не сакале да го откријат занаетот, но со цел уште повеќе да ја зголемат цената на својата работа, покренале приказна дека тој кој ќе скрши огледало ќе биде несреќен. Сепак, ова не било нивен „изум”.

Старите Римјани имале и своја теорија, верувајќи дека огледалото „ја фаќа” душата додека се гледаме во него, па кога ќе го скршиме, таа останува растурена во делчиња и треба да поминат седум години за да се обнови.

Можеби токму од таа причина во некои краишта постои обичај да се покриваат огледалата и стаклата во домот кога некој ќе умре, за да може душата непречено да си оди.

Остави коментар

Почетна // КАЛАБАЛАК // Приказната за скршено огледало е пострашна од седум години несреќа
Горе