Затоа што животот е премногу краток за да толерирате…

3 февруари, 20160
21
Не мора секогаш да се помирите со судбината – таа е одредена исклучиво од изборите кои ги правите секојдневно.

Ако имате чувство дека во последно време стоите и тапкате во место, голема е веројатноста да толерирате работи кои не би требало.

Време е животот да си го вратите на вистинскиот пат.

Затоа што животот е премногу краток за да толерирате…

1. Луѓе кои ви го уништуваат расположението

Врските би требало да ви помогнат и да ви го разубават животот, не да ве повредуваат. Поминувајте време со луѓе кои се слични на вас, па дури и се попаметни и понезависни. Од таквите секогаш ќе научите нешто ново и позитивно.


2. Вашата негативност

Бидете свесни за силата на менталниот разговор сами со себе. Сите треба нечујно да разговараме со своите мисли. Ако слушнете негативни мисли, подобро побегнете им. Секогаш имајте на ум дека ништо не е така црно како што ви изгледа.


3. Беспотребна, погрешна комуникација

Кажете го она што го мислите. Мислете го она што го кажувате. Зборувајте јасно и прецизно. Поставувајте прашања. Разјаснувајте ги работите додека целосно не ги разберете.


4. Вашето доцнење

Станете 20 минути порано и престанете да трчате наоколу. 20 минути ви се сосема доволни за да ги избегнете казните за брзо возење, доцнење и други дополнителни проблеми кои ќе ви ја зголемат главоболката.

5. Притисокот да се вклопите во мнозинството

Често, единствена причина заради која другите сакаат да се вклопите, е  да не бидете поразлични и поуспешни. Не ја правете оваа грешка.


6. Стравот од промени

Животот е промена. Секој ден е различен. Затоа, ако денес нешто драстично ви се случи, не се плашете. Само радувајте се. Затоа што промената значи дека нешто правите како што треба.


7. Константното правење на исти работи

Вие сте збир од вашите животни искуства. Што повеќе искуства стекнувате, толку поинтересна ви станува животната приказна. Затоа, не бидете здодевни. Правете нови работи.


8. Неискреност

Искреноста создава внатрешен мир, работа која не можете да ја купите без оглед колку сте богати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *