Знаењето е моќ: Знаете ли што прави лекарот на оваа фотографија. Погледнете подолу!

5 февруари, 20160
2

Фотографијата на Џемс Станфилд од 1987 година, на која познатиот полски кардиохирург др. Збигниев Религ, после тешка операција на трансплантација на срце која траела дури 23 часа, продолжува будно да ја следи состојбата на пациентот на монитор додека неговиот асистент се срушил од замор во салата, го заобиколи светот.

Прогласена е за фотографија на годината во Нејшнл Џиографик, а моментот кој е овековечен навистина е историски – тоа била првата успешна трансплантација на срце извршена во Полска. Од операцијата поминале повеќе од 25 години, а пациентот од фотографијата доживеал длабока старост благодарение на лекарот кој му „подарил нов живот“.

Тадеусз Зиткиевицк вели: „Ми го спаси животот кога сите други лекари ми кажуваа дека ништо не може да се направи. Имав 61 година и другите лекари сметаа дека сум престар“.

Легендарниот лекар, за разлика од пациентот, 25-годишнината од оваа трансплантација не ја дочекал – др. Збигниев Религ починал во 2009 година, после двегодишна борба со рак на белите дробови, на 71-годишна возраст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *