Знаењето и мудроста на Буда: Што да направите кога некој ќе ве навреди?

3 мај, 20160
7

Кога треба да се разјаснат тајните на животот и сите недоговорени прашања кои ги имаме за него, тогаш не постои подобар учител од Буда – најголемиот и најмудриот филозоф на сите времиња. Во продолжение прочитајте ја оваа поучна приказна која објаснува која е најдобрата реакција која можете да ја дадете кога некој ќе ве навреди.

Еден ден, Буда се шетал низ селото. По некое време му пришол еден многу лут и непристоен младич и започнал да го навредува.

„Ти немаш право да го подучуваш другите“, викнал тој. „Глупав си како и сите останати. Ти си еден обичен лажго.“

Буда не се вознемирил од овие навреди. Наместо тоа, го прашал младичот: „Кажи ми, ако на некој му дадеш подарок, а таа личност не го прифати, тогаш кому му припаѓа тој подарок?“

Младичот бил изненаден од необичното прашање и му одговорил: „Подарокот би ми припаѓал мене, бидејќи јас го купив.“

Буда само се насмевнал и рекол:

„Тоа е точно. Истата работа е и со твојата лутина. Ако ми се налутиш и јас не се навредам, тогаш лутината ти се враќа назад. Тогаш ти си тој кој ќе стане несреќен, а не јас. Со сѐ што си направил, си се повредил себеси. Ако сакаш да престанеш да се повредуваш, тогаш мора да се ослободиш од лутината и да се наполниш со љубов. Кога ги мразиш другите, ти стануваш несреќен. А, кога ги сакаш другите, тогаш сите се среќни.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *