Да се запознаеме со Катар – најбогатата земја на светот!

7 август, 20160
19

Само во Катар, најбогатата земја на светот, може да гледате фудбал во стадион со клима уред, да уживате на лизгалиште кое функционира на пеколни 45 степени и да видите базен за коњи…

Овде може да уживате во прекрасната музика на Виенската филхармонија, филмскиот фестивал Трибека, а може да сретнете и познати спортисти како Новак Ѓоковиќ или Лео Меси. Оваа мала земја не се разликува по многу од околните земји на арапскиот полуостров, само што е толку богата што во неа сé е луксузно и екстравагантно. Таа своите посетители ги маѓепсува и остава без здив затоа што таа не се движи кон иднината, туку храбро чекори кон нов и подобар свет.

Иако нема некоја богата и славна историја и традиција, во Доха, престолнината на емиратите, може да се видат највредните предмети на исламската уметност, една од најбогатите колекции на книги од целиот свет, како и скапоцени слики од славни уметници.

Жителите на оваа мала и пребогата земја, некогаш живееле од рибарење и експлоатација на бисери. Повеќето од луѓето живееле на северот од земјата, близу до Бахреин, се до оној момент кога се пронајдени неисцрпните извори на нафта и гас. И затоа сега овие луѓе живеат каде сакаат и како сакаат, затоа што Катар има доволно гас за да го стопи цел Антарктик.

Инаку, во Катар не се плаќа данок, што е и една од причините поради која милиони странци работат во оваа земја. Но катарски пасош е практично невозможно да се добие (освен доколку не сте родени таму, од ’домородни‘ родители ) и странец во никој случај не може да биде сопственик на земјиште. Но секогаш за бизнис агилно расположената елита на катарската економијапа, заедно со владата, гради вештачки острови на кои странците купуваат станови и кои што може да ги наречат свои. Бизнисот оди „како алва“, што би рекол нашиот народ.

А кога станува збор за гастрономскиот аспект од животот и карактерот на Катар, храната е одлична.

Како комерцијален и пластичен податок кон ова тврдење ќе го наведеме фактот дека во Катар работат најголемиот дел од најдобрите готвачи на светот. Маслинки од Тунис, фета сирење од Грција, лосос од Шкотска, урми од Вавилон…се само некои од вкусните работи кои овде можете да ги набавите во секое време. Секој оброк во Катар претставува и é налик на мала прослава, затоа што за време на самиот чин на јадење се ужива во сите благодети на нивната кујна, во придружба на квалитетни и луксузни вина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *