Најдобри дестинации за 2016 според Lonely Planet

14 јуни, 20160

Со поволните авионски билети светот станува се помал и помал и дестинациите кои некогаш ни изгледале невозможни, сега се отворени за туристи од целиот свет. 

Ако се уште не сте ја составиле листата на местата што сакате да ги посетите оваа година, како водич може да ви послужи изборот на десетте најпопуларни дестинации за 2016 на магазинот Lonely Planet. Овде ќе најдете добро познати туристички дестинации, но и дестинации кои за прв пат го добиваат вниманието што го заслужуваат.

Но, да тргнеме по ред:

Боцвана

Foto: Ross Huggett / Flickr.com

Од сиромашна и дива земја, Боцвана прерасна во една од најуредените и најстабилните држави во Африка. Во 2016 година се навршуваат 50 години од нејзината независност, така што во текот на годината ќе има низа различни манифестации и прослави преку кои можете да се запознаете со нејзините богатства и убавина.

Јапонија

Foto: Fougerouse Arnaud / Flickr.com

Јапонија од секогаш е број 1 дестинација за туристите во потрага по единствени доживувања и безвременски искуства. Само во Јапонија може да се види таков спој на богатата традиција и достигнувањата на модерното време кои можат да ви изгледаат како сцени од научно-фантастични филмови. Токио ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2020 така што подготовките за настанот се веќе во тек.

 

Америка

Америка како дестинација е позната по големите градови, но овој пат во фокусот се нејзините природни убавини, односно националните паркови. Во САД има вкупно 59 национални паркови каде љубителите на природата можат да уживаат во спектакуларните пејзажи. Инаку, оваа година се одбележуваат 100 години од постоењето на Агенцијата за национални паркови која управува со областите кои се под заштита на државата.

Палау

Foto: LuxTonnerre / Flickr.com

Палау секоја година е дел од листите на најдобри дестинации на светот, а најпознат е како најдоба локација за нуркање. Целата морска територија на овој пацифички архипелаг е ставена под заштита на државата.

 

Летонија

Foto: Liga Eglite / Flickr.com

Во 2016 година Летонија прославува 50 години од уривањето на комунизмот. Моментално државата работи на обновувањето на старите традиции, реставрација на замоците во зелените шуми и збогатување и прилагодување на кујната со цел да се задоволат нордиските вкусови. Рига е веќе познат европски центар на културата, така што бројот на населението овде е во постојан пораст.

 

Австралија

Австралија од секогаш претставува синоним за единствена и неповторлива убавина, а во 2016 година е поатрактивна за туристите поради благиот пад на цените благодарение на благиот пад на австралискиот долар. Покрај големите градови, главните туристички атракции на Австралија се Големиот корален гребен и волшебната природа на Тасманија.

Полска

Вроцлав е прогласен за европска престолнина на културата за 2016, а покрај него Полска исто така работи и на разубавување и промоција и на останатите свои дестинации како Краков, Шчеќин, Катовице и Гдањск, кои несомнено заслужуваат внимание.
Уругвај

Foto: Jimmy Baikovicius / Flickr.com

Во 2016 се очекува Уругвај да го посетат околу 3 милиони туристи, но сепак, чудно е што овој број не е поголем земајќи во предвид дека оваа држава важи за Швајцарија на Јужна Америка. Уругвај брзо прерасна во модерно општество, познат по малиот но одлично организиран главен град Монтевидео, пампасите и богатиот ноќен живот.

 

Гренланд

Земјата со најмала густина на населението на светот има многу да им понуди на посетителите – единствени глетки и искуства како полноќното сонце, бескрајните глечери, санките што ги влечат кучиња низ тундрите, поларната светлина или китовите. Во март оваа година Гренланд беше домаќин на Арктичките зимски игри што претставуваше одлична можност да го посетат поголем број на туристи.

Фиџи

Foto: Malcolm Peacey / Flickr.com

Фиџи се опорави од неодамнешната криза и се очекува во иднина туристите да бидат сведоци на негова модернизација и унапредување. Меѓу другото, реновиран е и меѓународниот аеродром во Нада така што сега посетителите можат многу полесно да стасаат до оваа дестинација. Фиџи е идеална локација за љубителите на екстремни спортови, нуркање, едрење, но и за оние кои сакаат да се одмораат и да лежат на тропското сонце.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *