Запознавање со Индија од прва рака

5 август, 20160
01

Еден стар чичко ни раскажа за едно место во светот, во однос на кое Amsterdam изгледа како зградата на македонското собрание, конзервативно и досадно, па затоа решивме во првата прилика да отпатуваме таму и да….

па, да откриеме дали навистина постои таков Neverland во светот. Како и да е, сега за сега единствено можеме преку мало парафразирање да ви ги пренесеме неговите впечатоци.

Додека му ја полневме чашата со Johnny Walker (black label) а тој си моташе тутун, се замисли и вака ја започна приказната за својата индиска Одисеја.

„Пред некои десетина години, со двајца пријатели – едниот од Босна, другиот од Србија – со кои бевме на работа во Австралија, после завршувањето на работниот период од две години и откако се вративме секој по дома, решивме да си дозволиме самите на себе едно патување до Индија, за кое многу често зборувавме таму ’доле‘. И после неколкумесечно договарање, се најдовме во Белград и полетавме. За самото патување до Индија нема да ви трошам премногу зборови, затоа што тоа трауматично искуство, грабнувањето на еден член на нашата експедиција и шестдневната глад (И не, не сонував! Авионот навистина ни се сруши сред Иран) е премногу за вашите нежни уши (и под ова не мислиме на нашите, туку вашите – и не! Ова не е игра на зборови! – опс, ур!). Затоа веднаш ќе започнам со излегувањето од аеродромот во Delhi – првата мисла ни беше дека мораме да се тргнеме што подалеку од моторот на авионот кој дивјачки грее. Кога после неколку стотина метри сфативме дека не станува збор за никаков мотор, туку за триесет и нешто степени без и малку влага (иако беше полноќ), одлучивме што побргу да си го фатиме патот за кон Хималаите, затоа што таму е наводно поладно. Но пред да успееме и да започнеме да ја остваруваме нашата намера, љубезните домаќини се погрижија никогаш да не ја заборавиме посетата на нивната метропола.

alt

Во само 15 часа колку што поминавме таму, од кои час и половина беа во полусон (во Delhi никогаш не се спие со двете очи затворени) го доживеавме следното: таксистот не одведе во делот од градот во кој прошетките се опасни и сред бел ден и ни објасни дека можеме да излеземе и сами да си побараме хостел (иако ни кажа дека тој ќе не одведе). Попат му телефонираше на пријателот, правејќи се дека ѕвони во нашиот хостел, за кој се обидуваше да ни објасни дека нема слободни соби, додека не сфативме дека врти на погрешен број. После натегнувањето со таксистот, не одведе во туристички оддел (кој што пази: работи во еден по полноќ) каде што домаќинот беше уште пољубезен и ни објасни дека веќе нема место во ниту еден евтин хостел, но затоа имаме среќа затоа што негов пријател има нешто поскап хотел, овде, веднаш зад аголот. И после полачасовно нервозно натегање и нашите агресивни реакции, господинот на убав начин ни објасни да не се грижиме што ќе платиме повеќе затоа што: „Парите не се сé во животот! Животот е сé!“.

После ова просветлување, уморни и преплашени отспавме саат и половина за наутро да тргнеме во потрага по карти за воз, која што заврши со купување карти за автобус, четири пати поскапи од она што требаше да бидат. Како и да е, бегството од Delhi беше и повеќе од успешно и после едвај деветнаесет часа немилосрдна вожња во еден од најгнасните автобуси било кога, дојдовме во еден крај кој мириса на зеленило (прав Алпски пејзаж).

Триесет и девет секунди откако ги оставивме ранците на подот во гостинската куќа, домаќинот срамежливо не запраша: “So guys, do you want something to smoke?”. Иако не сакавме, сепак би било крајно некултурно од наша страна да одбиеме. Би можел да се налути! И така горди на она што го купивме, веќе наредната вечер храбро се упативме во локалната биртија, како би собрале некаква згодна тревелерка, нудејќи ú ја содржината од вреќичката скриена во џебот. Но, пријатно изненадување, но и уништувач на нашата идеја за ’пуштање‘ беше тоа што таму сите пушеа. И никому не му смета! Уште попријатно беше и сознанието дека нашата роба, која само неколку часови претходно ни изгледаше како најдобра на светот, е само една од полошите, т.е. послабите. Пар дена поминавме во среќа, веселба и дружење, додека на уво не ни шепнаа (ова е уште еден доказ како сите треба да престанат да слушаат што луѓето зборуваат по кафеаните) дека на два дена јавање од нас, постои митско село, одвоено од цивилизацијата, самостојно и моќно, кое произведува некаква супер крема (која се викала malana cream) и која едноставно мораме да ја пробаме.

alt

Овде имате се што ви треба, по HACCP стандарди – плус роба испод тезга!

Тргнавме веќе наредниот ден, на пат на кој наводно човечка нога се уште не стапнала (стазите најверојатно ги натапкале слонови), неколку дена се пробивавме низ неистражените предели на оваа преубава држава, борејќи се со физичките и психички проблеми на нас самите, како и со разни наметливи бездомници кои имаа потреба да ни се вдомат во цревата. Бројчено ослабени, сепак стигнавме на зададената цел, каде што не дочека ни помалку ни повеќе, туку самиот градоначалник! И конечно го откривме значењето на зборот ’гостопримливост‘, но како тоа веќе се случува во животот, моравме да продолжиме веќе наредниот ден, затоа што намирниците со вода и храна ни се намалија на опасно ниво. Враќањето во цивилизација се одвиваше по ненатапкани патеки, па тргнавме кон север, во пустината каде не расте ништо зелено. Неколку дена покасно (броењето ни одеше тешко, организмот битно ни ослабна, а денот и ноќта се споија), нашата мисија беше исполнета. Стигнавме дома, преполни со различни впечатоци и нови микроорганизми“.

Вака заврши приказната на нашиот пријател кој сега е на некое четириесет и седум години, кој вели дека од сите патувања во животот, ова му било едно од оние кои се му најдраги. Не знаеме за вас, но целава оваа приказна, уште првиот пат кога јас слушнавме ни остави силен впечаток и желба и ние да отидеме до онаа биртија каде што и ние би се обиделе да ’заведеме‘ некои туристки од Норвешка и сето она што го опишавме пред малку.

alt

alt

alt

MTV INDIA – Куќите традиционално се градат цврсти и убави, за да ги издржат сателитските антени.

alt

Известувачот на Stipka од Индија, замаскиран во облека од локалното пучанство!

alt

alt

alt

alt

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *