Брза и лесна панакота

2 февруари, 20160
7
Има ли нешто послатко од италијанска панакота? Традиционалниот десерт со потекло од провинцијата Пиемонте е совршена идеја за десерт кој е сосема едноставен за правење и не одзема многу време.

Звучи сложено, но ќе ја подготвите побрзо отколку што мислите…

Потребни состојки:

  • 500 ml слатка павлака
  • 500 ml млеко
  • 3 лажици желатин
  • 50g шеќер

Прелив:

  • 175g шеќер
  • 175g вода
  • ликер од цреши
  • 350g малини

Подготовка:

1. Ставете го желатинот во ладна вода (на секое пакување желатин има упатство колку вода е потребна).

2. Ставете ги слатката павлака, млекото и шеќерот во сад и оставете да се загреат на умерена температура. Доколку смесата започне да врие намалете ја температурата и мешајте околу 10 минути. На крајот додадете го желатинот и убаво измешајте, тргајќи го тенџерето од оган.

3. Ставете ја смесата во навлажнети калапи или шолји и оставете ја фрижидер да се излади неколку часа (4-5).

4. За да го направите преливот ставете ги состојките во тенџере на оган и почекајте додека да зовријат. Оставете да вријат некое време додека не ја добиете посакуваната густина на сосот.

Сепак во поглед на сосот можете секогаш да експериментирате со овошјето кое вам ви се допаѓа повеќе или во моментот го имате дома.

5. Извадете ја изладената панакота и прелијте ја со преливот од малини, украсувајќи со ливчиња нане.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *