Диетална чорба со леблебии – вкусен и здрав оброк!
22 ноември, 20160
Состојки:
- 160 гр леблебии
- 1 мала главица кромид
- половина чешне лук
- киселец
- 300 гр пасиран домат
- 8 дл супа од зеленчук
- маслиново масло
- сол
- лута пиперка
Начин на подготовка:
Ставете леблебии во сад, налијте ги со млака вода и оставете ги да отстојат 12-24 часа, променувајќи ја водата најмалку еднаш за тоа време.
Исцедете ги леблебиите, префрлете ги во тенџере, прелијте ги со студена вода и гответе ги 2 часа. Исцедете ги повторно, па третина од леблебиите изблендирајте.
Исечкајте киселец. Излупете кромид и лук и исечкајте ги, па пропржете ги во тенџере на неколку лажици масло. Додајте киселец, потоа и целите и изблендираните леблебии, па на крај пасираниот домат.
Гответе неколку минути, па додајте супа, поклопете и гответе дваесетина минути.
Посолете, зачинете со малку сечкана лута пиперка и послужете со топол потпечен леб.
На здравје!