Домашна посна пица

15 април, 20160
2

Оваа пица има навистина одличен вкус, а еве што ви треба за да ја приготвите:

Состојки за подготовка на тесто:
• 500 гр брашно
• 3 мали лажици сол
• 2 големи лажици шеќер
• 1 квасец или прашок за печиво
• 250 мл вода
• масло за готвење
Од овие состојки замесете го тестото додека не добие мазна и тркалезна форма. Оставете го во сад да стаса околу 1 час.

Состојки за фил за пица:
• 1-2 свежи црвени пиперки
• 70 гр зелје
• 1 кромид
• 70 гр маслинки
• кечап или доматен сос
• пченка

Начин на подготовка:
Тестото го расукуваме во правоаголно тавче. Премачкајте го со кечап или доматен сос по целата површина.
Пиперките ги сечкаме на ленти. Зелјето го обаруваме и ги сецкаме ситно. Кромидот го сецкме на кругчиња и секое кругче го одвојуваме. Маслинките ги чистиме од семки и ги сечкаме на кругциња. Ана за овој рецепт употребила црни маслинки калмата.
Врз расуканото тестото редиме по следниот редослед: пиперки, зелје, кромид, маслинки и пченка. По вкус, одозгора можете да изрендате малку свеж морков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *