Колач со мак или со кокос

27 април, 20160
9

Овој колач може да го подготвите со афион ( мак ) или со кокос. Во посна или мрсна верзија. Изборот е ваш.

ЗА ТЕСТО:

  • 300 g брашно
  • 350 g шеќер
  • 250 g кокос или афион (мелен)
  • 400 ml вода или млеко ( зависи дали припремате посна или мрсна верзија )
  • 200 ml масло
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 пакетчеванила

ЗА ФИЛ:

  • 200 г посно чоколадо
  • 6 лажици вода или млеко ( зависи дали припремате посна или мрсна верзија )
  • 6 лажици масло
  • 6 лажици какао
  • 100 g маргарин
  • шеќер по ваша желба

Во сад за месење тесто ставете ги сите состојки што се за подготовка на тесто и со рачна маталка измешајте ги.  Во тава ( 20х30) подготвена за печење истурете ја смесата и печете 30мин на 175 степени. Проверете дали е печен колачот.

Во сад ставете ги сите состојки за фил. Овие состојки растопете ги на пареа. Ако се стават директно на оган да се топат ќе дојде до грутчење на какаото. Растопените состојки додадете ги на колачот и оставете да се излади. Откако ќе се излади и ќе се стегне исечете го на коцки.

Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *