Летна компир салата

28 април, 20160
08

Уживајте во вкусна салата од компири, збогатена со краставици и ротквици која може да биде хранлив оброк.

Состојки:

800 гр варени компири

1 главица кромид

неколку ротквици

1 краставица

4 лаж масло

3 лаж винскиоцет

1 лаж сенф

сол, црн пипер, шеќер

1 варено јајце

Подготовка:

Сварете го компирот, излупете го и исечкајте го. Исчистете го кромидот и исечкајте го на кругови.  Измијте го зеленчукот. Ротквиците и краставиците исечкајте ги на кругови. Сите состојки измешајте ги во чинија.

За дресинг, измешајте го маслото и оцетот, додадете го сенфот, зачинете со сол, црн пипер и со малку шеќер.

Додадете го зеленчукот во компирите и измешајте со дресингот. Покреианата салата оставете ја еден час во фрижидер да се олади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *