Млечен сос за грицки
16 декември, 20160
Потребни состојки:
2 тост лепчиња
50 гр. кравјо сирење
20 гр. пармезан
2 зденки
2 лажици крем сирење
2 лажици кисела павлака
½ лажичка сол
Припрема:
Кравјото сирење издробете го, помешајте го со павлаката, крем сирењето, растопените зденки и пармезанот, па промешајте за да добиете хомогена смеса. Потоа посолете го сосот, промешајте го и сервирајте го во малечок сад. Одозгора украсете со рендан варен морков.
Парчињата леб испечете ги на тост, исечете ги дијагонално и послужете ги со млечниот сос. Наместо леб, може да послужите грисини или други солени грицки. Добар апетит!