Полнети пилешки шницли

5 август, 20160
24

Подготовка

Белото месо треба да се приготви за шницли и да се исчука. Потоа печурките треба да се исецкаат на мали парченца и да се пржат со многу малку масло за пржење. Кога ќе омекнат, ставете ги и јајцата, заедно со сол и бибер и направете кајгана.

Шунката треба да се исецка на тенки листови, а кашкавалот да се изренда. Потоа во сад за печење да се наставаат шницлите, па врз нив да се стават пржените шампињони, па да се прекријат со листови од шунка, да се прелиат со павлака и да се остави да се печат. Неколку минути пред крајот  ставете го изренданиот кашкавал и сето тоа оставете го да се испече до крај.

За подготовка на шницлите ви се потребни следниве состојки:

Потребни состојки:

400 г. бело пилешко месо
400 г печурки шампињони
100 г шунка
150 г павлака
50 грама кашкавал
Сол, бибер, масло и 2 јајца

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi