Посни переци

29 април, 20160
14

Состојки:

– 500 гр. брашно
– 20 гр. свеж квасец
– 1кафена лажичка морска сол
– 1+1/2кафена лажичка шеќер
– 1 супена лажица ким
– 50 гр. интегрален или бел сусам
– 1супена лажица ленено семе
– 1 супена лажица босилек или рузмарин или оригано
– 200-250 мл. млака вода за замесување

Подготовка:

Во подлабок сад се става брашното, на средина се додава квасецот кој сте го раствориле во шолјичка и потоа се додаваат сите други состојки. Лесно се спојува сè и се прави тесто (водата се додава полека во завосност од тоа какво е брашното, по потреба се додава уште малку) кое треба да биде сосема меко, но не да се лепи на рацете.

Така направеното тесто се остава на топло место покриено со крпа сè додека не нарасне. Откако ќе нарасне се зема еден плех и се поросува со брашно. Потоа се прават од тестото топчиња во големина на вашата дланка и од секое топче со лесни движења се прави подебела лента која се витка во форма на ѓеврек или перек. Секој од нив се става на плехот и тогаш се вклучува рерната на 200 – 220 °Ц. Кога ќе се загрее се ставаат да се печат околу 20 – 25 мин. односно додека не добијат убава златно жолта боја на тазе печено пециво.

Внимавајте да не се препечат за да не ви се суви. Ако сакате да ви крцкаат тогаш оставете ги така да се изладат, а ако сакате да се помеки веднаш покријте ги со крпа, па коричката нема да биде толку крцкава.

Лесни се за правење, не одземаат многу време, а во вкусот ќе се уверите сами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *