Торта од малини и чоколадо

20 јуни, 20160
Торта од малини и чоколадо

Овошјето е тоа кое дава свеж вкус и ја намалува блажината од чоколадото, па добивате совршена комбинација на слатко-кисело.

Овој колач со малини е одличен пример за ваква комбинација. Но, ако на тоа додадеме дека се подготвува брзо и лесно и нема потреба да се пече тогаш не чекајте ни миг за да го подготвите.

Состојки:

  • 700 g темно чоколадо
  • 300 ml хопла
  • 2 лажици путер
  • 400 g „Орео“ колачи (или други слични чоколадни колачи)
  • малини за декорација

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги искршените „Орео“ колачи со путерот.

2. Добиената смеса ставете ја во калап и убаво распоредете ја по целата површина и страничните ѕидови.

3. Ставете го калапот во фрижидер додека го подготвувате кремот.

4. Загрејте ја хоплата на оган додека да почне да врие и потоа тргнете ја настрана. Додадете го чоколадото и мешајте додека тоа не се стопи и додека смесата не стане хомогена.

5. Истурете го кремот во калапот и убаво распоредете го насекаде.

6. Ставете го калапот со крем во фрижидер 10 минути.

7. Наредете ги малините и повторно вратете го калапот во фрижидер, оставајќи го околу 2-3 часа.

8. Извадете го колачот од калапот и подготвен е за послужување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi