Велигденски венец со суво грозје

6 април, 20180
3

За да ја збогатите празничната Велигднска трпеза ние ви нудиме еден лесен и вкусен рецепт.

Велигденскиот венец со суво грозје  е традиционален во повеќе земји за оваа пригода па затоа доколку до сега не сте го пробале не знаете што сте пропуштиле.
Потребни намирници:
500 грама брашно,
1 свеж квасец,
250 милилитри млако млеко,
100 грама шеќер,
1 лимон,
80 грама суво грозје,
1 ванилин шеќер,
малку сол,
2 јајца,
100 грама путер.

Подготовка:

Ставете го брашното во подлабок сад и во средината направете длабнатина. Во длабнатината ставете ги нараснатиот квасец и една лажица шеќер. Замесете го тестото и оставете го да стасува 15 минути. Размесете го тестото и додадете ги преостанатиот шеќер, ванилиниот шеќер, изренданата лимонова кора, јајцата, путерот и преостанатото млеко. Оставете го да стасува уште 15-тина минути, па додадете го сувото грозје свалкано во брашно.

Поделете го тестото на три еднакви дела и формирајте ленти со должина од 50 сантиметри. Од лентите направете плетенка и свиткајте ја во венец со пречник од 35 сантиметри. Венецот ставете го во немрснета тава обложена со хартија и оставете го да стасува 30-тина минути. Премачкајте го венецот со изматени жолчки и наросете го со исечкани бадеми (рендана чоколада, суво грозје, или по желба).

Печете 30-тина минути на температура од 170 степени.

Изладениот венец ставете го во линија а средината украсете ја со неколку велигденски јајца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi