За десерт: Пудинг со суво грозје и фстаци

10 септември, 20160
6

За десерт подгответе пудинг во комбинација со суво грозје.

Потребно:

100 гр суво грозје

4 лажици лозова ракија

1 ќесичка желатин во прав

500 мл млеко

200 гр гриз

80 гр шеќер

1 ванилин шеќер

250 гр павлака

40 гр сечкани фстаци

1 кг сливи (може и смрзнати)

125 мл црно вино

125 мл сок од грозје

цимет

2 лажици нишесте

јајца

Подготовка:

Сувото грозје преку ноќ оставете го потопено во ракијата. Во зовриеното млеко, сипете го гризот и мешајте. Жолчките од јајцата заедно со шеќерот,желатинот и ванилиниот шеќер, додајте ги во гризот и продолжете да мешате. Белките и павлаката изматете ги одвоено. Во смесата додадете ги сувото грозје и 2/3 од фстаците. На крајот ваквата смеса ставете ја во садови и оставете да се стегне.

Сливите ставете ги во тенџере, ставете црвено вино, сок од грозје и цимет, и оставете да се вари. Откога ќе изврие, оставете го на оган уште 3 минути.  Нишестето разметете го со вода и полека додадете го во садот за варење. Откога ќе се излади, посипете го пудингот со компотот од сливи, а за декорација употребете го остатокот од фстаците и сувотo грозје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi