Постојат 3 видови на облици на тело! Проверете кој е вашиот

28 април, 20160

Можеби ја знаете вашата висина, тежина и конфекциски број, меѓутоа знаете ли во кој тип на телесна градба припаѓате? Според научниците, сите луѓе, односно нивните тела спаѓаат во три видови.

– Повеќето од луѓето претставуваат мешавина од два вида, а тоа помаѓа при определување на кои вежби најмногу ќе ви користат, вели физиотерапевтот Семи Марго. Видовите можат да бидат ектоморгни, ендоморфни и мезоморфни, а прв пат се идентификувани од страна на Вилијам Шелдон во 1940 година.

1. Ектоморфен вид

Овој тип има тесна телесна градба, вклучувајки тесни рамена, гради и колкови. Овој вид има мал процент на телесни маснотии, но и малку мускули. Тие тешко се здебелуваат, а екстремитетите им се најчесто долги и витки. Освен тоа, обично имаат високо тело и тесно лице. Најмногу им одговараат вежби кои вклучуваат издржливост на долг период, како што се тршање, возење на точак, пешачење и фудбал. Исто така добри се и во спортови како гимнастика, лизгање и балет.

2.Мезоморфен вид

Овој вид на тело е изграден со повеќе мускули и најчесто за нив велиме дека се атлетски градени, иако не мораат да се занимаваат со некој вид на спорт. Имаат широко топзо со силни рамена, но и со истакнат струк. Покрај ектоморфни, мезомофниот вид имаат голем број на маснотии, но нивните екстремитети се силни и поголеми па поради тоа имаат многу повеќе масти на мускулите. Идеални спотрови за нив се оние кои бараат многу сила на кратки растојанија, а нивните мускули бараат вежби како пилатес и јога.

3. Ендоморфен вид

Имаат значително заоблена фигура од пртходните два видови. Во торзото се еднакво широки како и мезоморфниот тип на тела, но долниот дел на телото односно колковите им се значително пошироки, додека рамената им се нешто потесни. Исто така долниот дел на листовите и глуждовите им се послаби отколку кај мезоморфниот вид. Имаат поголем процент на телесни маснотии, а многу полесно се здебелуваат. Освен што имаат позаоблено тело, и самата глава односно лицето им е поокругла. Најдобар облик на вежбање за нив е комбинација на кардио тренинг и затегнување на телото, а мускулите им се зацврстуваат со дигање на тегови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi