Универзитетот Харвард вели дека ова е најдобар начин за согорување на маснотиите на стомакот

1 ноември, 20160
3

Студија на Харвард открила дека користењето на тегови во вашата вообичаена рутина на вежбање ви ги зголемува шансите да согорите маснотии на стомакот.

Студијата следела 10.500 мажи, на возраст од 40 години, во текот на период од 12 години и открила дека тие што користеле тегови при вежбањето имале помалку маснотии околу стомакот.

Раниа Мекари, автор на студијата, вели:

„Вежбањето тренинг за отпор или, идеално, комбинирање на истиот со аеробични вежби, може да им помогне на повозрасните луѓе да ги намалат стомачните масти додека ја зголемуваат или задржуваат мускулната маса.“

Па така, ако се борите да видите вистински резултати од вашиот напор, можеби е време да почнете да се концентрирате на некои слободни вежби со тегови.

За оние кои само трчале на трака за трчање и не користеле тегови било помалку веројатно дека ќе согорат стомачни маснотии. Додавање на тегови во вашата вообичаена рутина на вежбање не само што гради мускули, тоа исто така согорува маснотии и го подобрува метаболизмот.

Претходна студија од Харвард исто така открила дека ако имате повеќе маснотии околу вашата половина тоа ви го зголемува ризикот за срцеви заболувања – дури и ако немате прекумерна тежина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *