Вежба за затегнување на задникот и обликување на колковите

28 октомври, 20160
5

Задната ложа и задникот се најкритичните делови кога станува збор за вежбањето, но оваа вежба ќе ви помогне да го надминете овој проблем.

Вежбата дава брзи и видливи резултати, така што ви препорачуваме што побргу да почнете да ја правите, особено ако веќе одите во теретана.

Сигурно досега веќе сте слушнале дека постојат вежби кои се многу ефективни и кои ќе ви помогнат да го извајате телото во многу краток рок, но оваа навистина се издвојува од сите! Станува збор за едноставни чучњеви со скок, но тие се толку добри што нема да ви бидат потребни други кардио вежби, ниту пак никаква опрема.

Вежбата е прилично напорна, па затоа се прави во кратки интервали, а од друга страна е одлична за сите што немаат доволно време редовно да вежбаат. Доволно е секој ден да одвоите по неколку минути и да направите три серии сумо-чучњеви со скок, во траење од 30 до 60 секунди. Важно е да не брзате и да внимавате правилно да ја изведувате вежбата, и тоа во цврсти обувки, за да ги заштитите колената, стапалата и зглобовите од повреди.

За детално изведување на вежбата, погледнете го видеото подолу:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi