Ја фатив жена ми со син ми – не знам што да правам ги сакам и двајцата

5 септември, 20160
7

Љубовните односи често се полни со турбулентни случувања, а многумина од нив стигнуваат многу далеку дури и нереално, каква што е приказната на овој несреќен човек кој за The Sun си ја отвори душата.

Имено, тој својата сопруга ја пронашол во креветот со сопствениот син, а приказната која ја сподели со читателите оди вака:

– Имам 44 години. Мојот син има 19, а неговата сестра е две години помлада. Нивната мајка починала пред десет години. За нас тројца тоа беше многу тешко кога се разболе, но јас толку бев зафатен со моите деца и да заработувам пари за нив, немав време дури ни да ја исплачам мојата сопруга како што треба. Мојата ќерка одсекогаш се однесувала како ангел, но мојот син е друга приказна. Знаев дека смртта на неговата мајка многу го погоди, но не сфатив зошто мене ме обвинува за тоа. Кога децата ми пораснаа, сфатив колку сум осамен па се фрлив во потрага за љубов. Имав неколку девојки во меѓувреме и мојата ќерка беше добра кон сите, но не и мојот син. Кога и да го запознавав со нив, тој едвај се поздравуваше. Подоцна ќе ми кажеше дека девојката е грда и досадна. Се обидував да не му се лутам на него бидејќи знаев дека му недостасува неговата мајка, но тоа секогаш ме растажуваше. Тогаш ја запознав пријателката на еден свој пријател која беше преслатка и ме правеше среќен. Кога мојот син ја запозна, веднаш ми рече дека таа му се допаѓа. И на мојата ќерка и се допаѓаше, а јас бев пресреќен. Се заљубивме и се венчавме по шест месеци врска. Поради неа се чуствував добро, а најважно ми беше што ги сака моите деца.

Тој викенд бев отсутен од дома поради работа, а ќерка ми беше излезена со пријателите. Мојот син и мојата жена останаа сами дома. Дојдов дома порано и тргнав во собата за да се пресоблечам. Влетав во собата го фатив својот син и мојата жена среде секс и тогаш ми се сруши целиот мој свет. И двајцата ги сакам не знам што да правам, се запрашува овој тако во својата шокантна приказна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi