Колку пари би донела легализацијата на марихуаната?

26 јуни, 20160
1

Легализацијата на марихуаната може да донесе општ профит од дури 1.5 милијарди евра, покажуваат студиите направени во Велика Британија…

Аналитички и истражувачки настроените Англичани, направија студија во која го анализираат проблемот на криминалниот статус на марихуаната. Нивните рапорти на оваа тема велат дека денешната ситуација и поставеност на работите на ова поле покажуваат дека кога би се оданочиле просечните годишни количини кои се пуштаат во промет, државата на сметка на данок би инкасирала над 1 милијарда евра.

legalizeit2

Според нивните процени базирани на ова истражување, евентуалниот легален статус на марихуаната,  на почетокот би предизвикал бројот на корисници да добие благ пораст. Но искуствата на другите држави кои го имаат направено овој чекор, покажуваат дека тој тренд многу бргу добива спротивно насочена амплитуда. Односно, бројот на корисници по само некое време започнува да се намалува.
На ова се додаваат и податоците кои укажуваат на тоа дека веќе подолго време не постои никаква етичка (или било каква) пречка со која марихуаната се уште би се наоѓала на ’црната листа‘. Од едноставна причина што оваа супстанција не предизвикува никакви здравствени проблеми кај корисниците – за разлика од многу други легални!

Но сепак се потенцира и еден друг факт – а тоа е дека во денешно време постои воочлива разлика во квалитетот на канабисот кој се одгледува и користи, за разлика од оној од пред неколку децении. Министерот во владата, Џереми Браун, на конференцијата која се одржа во Глазгов, го вели следново:

Причината поради која сум многу претпазлив по ова суптилно прашање е тоа што видот на канабис кој се консумира во нашава земја е радикално различен од оној од 60-тите, па дури и од оној од пред 10 години. Денешниов е многу, многу појак, отприлика 7 до 8 пати  за разлика од оној кој луѓето го одгледуваа во 60-тите години на минатиот век. Магнитудата во разликата за која говорам би ја споредил со кригла пиво и кригла водка.“

Министерот исто така додава дека и начинот на кој луѓето консумираат дроги во Британија се има сменето, со тоа што многумина користат наркотици само преку викенд. Затоа експертите повикуваат на драматични промени во официјалната државна политика за недозволени дроги.

legalizeit3

Аманда Филдинг, директор на истражувачката група за формирање на политика за недозволени дроги, го вели следново:

Во овие времиња на економска криза, од суштинско значење е истражувањето на можностите за поефективна политика на ова поле. Нашата моментална стратегија, базирана на забрана на лесните дроги се има покажано како промашен случај на секое поле и истата имплицира негативни последици и во други социјални сфери! Затоа крајно време е да разгледаме и некои други методи (како онаа на Холандија и Белгија) кои се имаат покажано како далеку поефективни и поуспешни. Едноставното апсење и криминално етикетирање на луѓето кои консумираат марихуана, не само што не е делотворно, туку станува и апсурдно.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi