Никогаш полесно: Чекор по чекор до вработување во Германија!

25 јуни, 20160
7

Познато е дека Германија им донесе безброј олеснувања на граѓаните кои би сакале да живеат и работат во оваа уредена држава со една од најсилните економии во светот, а бенефициите кои на сила стапија на први јануари оваа година се однесуваат на вработување на граѓани кои доаѓаат од NON-EU (држави нечленки на Европската унија).

Секако кој имал намера парче леб и подобар живот да побара во Германија, знае дека основен проблем е да се најде работодавач.

Напишајте CV- Бизнис резиме во кое ќе ги напишате сите детали кои се потребни работодавецот да ги знае за вас. Постојат три начини како тоа да го направите: сами напишајте во word или некој друг програмски пакет за пишување и сочувајте го како дигитален документ (најдобро pdf). Друг начин е да пополните онлајн пријава (на пример на eures= https://europass.cedefop.europa.eu/editors/hr/cv/compose, и можете да бирате на кој јазик сакате да го сочувате своето CV), потоа вметнете своја фотографија, скенирани дипломи и таа онлајн пријава зачувајте ја (на своја меморија) во компјутерот како pdf (треба да се напомене дека кај такви видови формулари повеќето може повторно да се вчитаат на истата страница и да се изменат потребните податоци). Трет начин е да му платите на некој тоа да го направи за вас.

-Напишајте молба- стандардна молба која почнува со воведен дел дека се јавувате за одреден оглас, за одредена фирма, и дека сакате да работите кај нив, и во истата молба наведете дека приложувате од документи како што се: CV, дипломи, сертификати, потврди од работно искуство, потврди од поранешен работодавач за тоа каков работник сте биле и што сте работеле, дипломи за положен јазик, евентуално копија од пасош, возачка во случај да ја поседувате. Напомена до сите е да не измислувате, бидејќи работодавачот ќе ги провери вашите наведени квалификации и искуство (ако се одлучи да ве вработи).

-Скенирајте ги сите документи наведени под 2 (молба) и сочувајте ги, а истите можете и во точка 1 да ги приложите кај  CV: се работи повеќе за вкусот како ќе ви изгледа документацијата.

-Комплетната документација испратете му ја на работодавачот во дигитална форма на негов e-mail! Треба да се напомене дека сите документи мора да бидат преведени на германски јазик.

-Постојат одредени страници за барање огласи или работодавачи кај кои може да се регистрирате (бесплатно или со одредени подобри понуди на работа регистрацијата се наплаќа зависи од страницата), па на истата доставете ја документацијата (по потреба можете да ја менувате), и само со клик на глувчето/touchpad-от/ или мобилниот да се пријавувате на огласите(каде страницата/работодавецот веќе со самата пријава на огласот ги добива вашите податоци).

Среќно на сите во потрагата за работа.

Целосната листа на погледнете ја на страницата на Германскиот завод за вработување ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *