Новинар ловејќи покемони го прекина Кирби на брифингот за IS

25 јули, 20160
1

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џон Кирби, за време на брифингот посветен на борбата против џихадистичката група Исламска држава (IS), го прекина своето излагање поради еден дописник залуден од виртуелната игра Pokеmon Go.

Кога Кирби говорел за мерки што ги презема Вашингтон за спротиставување на споменатата терористичка групација во информатичката сфера, неговото внимание го привлекол новинар кој на својот смартфон играл Pokеmon Go.

„Вие таму го играте тоа нешто со покемони, да?“, рекол портпаролот на американската дипломатија обраќајќи му се на дописникот за кој не е наведено за кој медиум работи. Добивајќи одговор дека репортерот „само погледнал“, Кирби го продолжил брифингот.

Завршувајќи го разговорот Кирби одново му се обратил на новинарот прашувајќи „Па дали фативте барем еден?“.

„Не, тука сигнал не е многу добар“, одговорил репортерот а Кирби иронично забележал дека „многу жали“ поради тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi