Откриен сериозен нов ризик поврзан со хормонските контрацептивни пилули

20 октомври, 20160
10

Голема студија открива уште еден ризик поврзан со земањето хормонски контрацептивни пилули.

Во голема студија што испитувала повеќе од еден милион жени, данските истражувачи откриле дека постои зголемен риик за депресија поврзан со земањето хормонски контрацептивни пилули.

Според списанието New York Times, жените биле на возраст од 15 до 34 години и биле следени во текот на 13 години, помеѓу 2000-та и 2013-та. По шест месеци на хормонски контрацептиви, научниците увиделе дека има зголемен ризик за развивање на депресија за 40 проценти споредено со луѓе кои не се на хормонски контрацептиви.

Некои од контрацептивните опции се поврзуваат со поголем ризик од други – кај жените кои земаат контрацептиви што содржат само прогестин ризикот за развивање депресија е дуплиран, а жените со хормонски спирали имаат три пати поголем ризик за депресија. Истражувачите исто така откриле дека ризикот за развивање на депресија бил поголем за тинејџерките отколку за возрасните жени, но тоа може да е поради фактот дека девојките во тинејџерските години се повеќе склони кон депресија генерално.

Авторите на студијата тврдат дека и покрај тоа што повеќето жени кои земаат хормонски контрацептивни пилули не развиваат депресија, зголемениот ризик за депресија за 40 проценти не е шега. Претходни истражувања имаат докажано дека е два пати поверојатно жените да развијат депресија отколку мажите, а дополнителниот ризик поврзан со контрацептивите не помага.

Авторите велат дека е важно жените да знаат дека постои оваа можност и дека има други, ефективни нехормонски методи за штитење од несакана бременост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi