Ова е херојот: Милош се фрли под камион за да спаси девојче!

19 август, 20160
4

Мало девојче се оттргнало од рацете на нејзиниот татко и истрчало на улица. Кон неа наишол тежок камион. Во прашање биле секунди.

Милош Вујиќ, студент од Ужице, е вистински херој на денот во Србија.

Тој го спасил малечкото девојче од сигурна смрт од под тркалата на шлеперот, пишува белградски Блиц. Се` се случило синоќа околу 21 часот.

– Од другата страна на пешачкиот премин стоеше човек кој во едната рака го држеше детето, а во другата тротинет. Девојчето одеднаш се оттргна и истрча на другата страна, право пред камионот. Од таткото кој неподвижно набљудуваше се слушна очајнички крик „нееее“. Реагирав човечки, инстиктивно… Зачекорив на улица и скокнав кон девојчето, раскажува Милош.

– Ја фатив и држејќи ја паднав на грб на другата коловозна трака. Камионџијата имаше време да не избегне, а вистинска среќа е што никој во тој момент не наиде од спротивниот правец, раскажува Милош.

– Никогаш немаше да си простам ако детето настрадаше пред мои очи. Потешко би ми било цел живот да ги вртам сликите од детето кое гине, отколку да останам повреден. Се плашам од обична игла кога треба да дадам крв, но не и да реагирам во ситуации кога нечиј живот е во прашање. Синоќа немаше време за страв и размислување, искрен е Милош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi