Претседателот на Индонезија:  Законот за кастрација ќе ја искорени педофилијата

21 октомври, 20160
2

Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, изјави дека со новиот закон за хемиската кастрација, педофилијата во таа замја ќе биде потполно “избришана”.

Во интервјуто за BBC Видодо рече дека Индонезија ги почитува човечките права, но дека нема да има ”компромис” кога е во прашање казнување на сексуалните злодела.

”Ќе бидеме многу строги. Ќе носиме максимални казни за сексуалните злодела. Според моето мислење, хемиската кастрација, ако ја применуваме секогаш, ќе ги намали сексуалните злодела, а со тек на време потполно ќе ги избрише”, рече Видодо.

Порано овој месец, во Индонезија е усвоен закон со кој се одобрува хемиска кастрација за педофили.

Законот предизвика општа дебата во собранието, а индонезиското здружение на лекари соопшти дека неговите членови не треба да бидат вклучени, бидејќи таа процедура ја крши лекарската етика.

Во интервјуто за BBC Видодо говореше за борбата против корупцијата и апсењето на државните службеници.

”Девет министри, 19 гувернери, 300 локални лидери и 100 парламентарци се во затвор поради корупција. Ќе бидеме доследни во својата строгост” рече претседателот на Индонезија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi