Синот добил милиони во кладилница, а она што го направил неговиот татко со парите ги шокира сите!

23 септември, 20160
1000denari

Последниве години сведоци сме на поразителната статистика. Имено, многу малолетници се коцкаат, а често се случува поради зависноста децата да западнат во сериозни долгови. Дефектологот Милан Радовоановиќ открил неверојатен пример кога момче добило огромен износ во кладилница, пренсе Србија Данас.

– Ми се јави таткото чиј син, инаку ученик во основно добил во кладилница максимален износ кој може да се добие по тикет. Се работеше за неколку милиони динари. Ме праша што да прави. Чувствуваше дека е неморално е да ги подигне парите од коцка бидејќи сметаше дека на тој начин на синот ќе му испрати погрешна порака. Стравуваше дека неговиот син би можел да помисли дека од коцка може да се живее. Му реков да ги подигне парите и да ги даде во добротворни цели. Така и направи. Потоа ми кажа дека неговиот син веќе не оди во кладилница, раскажал Радовановиќ.

Ова сигурно е еден од ретките случаи кој имал ваков крај, но секако ќе ве натера да размислите. Како е можно малолетници во голем број да уплаќаат тикети во кладилници, иако тоа е забрането?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi