Таксист кој работи за 800 долари вратил пронајдена актовка со половина милион!

26 септември, 20160
1

Насералах Шер Дола е Пакистанцец кој работи како таксист во Обединетите Арапски Емирати.

Месечно заработува 3.000 дирхами (нешто повеќе од 800 долари) од кои половината ги праќа кај семејството во Пакистан – сопругата, трите деца, шестте сестри, седумте браќа и старата мајка.

Иако не може да се пофали со голема заработувачка Шер Дола неколку пати покажал почит во ситуации „кога многу не би побегнале со туѓи пари“. Минатата година на еден Иранец му вратил 13.000 долари кои ги заборавил во такси.

Но, тоа била „ситница“ во однос на последниот случај. Извесен јужнокорејски бизнисмен во таксито на Шер Дола заборавил актовка во која имало 1,7 милиони дирхами, односно 463.000 долари! Пакистанецот немал дилема. Актовката со парите ја однел во полиција и дал детален опис на сопственикот.

За ова дело, 30-годишниот таксист добил благодарност од локалното Министертво за сообраќај како и надохнада во износ од 2.000 дирхами (544 долари), како и уште околу 1.000 дирхами (272 долари) од бизнисменот кој ги изгубил парите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *