Ужива во животот: Дала отказ за да патува низ светот со велосипед

30 јуни, 20160
7

Снежана Радојичиќ од Србија ја напуштила својата работа за да патува низ светот со својот велосипед. Таа веќе пет години ги објавува своите патешествија на својот блог, на Фејсбук и во книгите кои ги објавува.

Снежана на едно гостување во емисија во Србија раскажала дека сменила дури 15 професии откако го завршила факултетот, но пресвртницата во животот и се случила додека работела во осигурителна компанија и сфатила дека досега не направила ништо во животот од она што го сакала.

Таа открива дека сакала да живее од пишувањето додека патувањето со велосипед се наметнало природно бидејќи и порано патувала со велосипед и уживала во тоа. Често ја прашувале дали би патувала на ист начин доколку би имала повеќе пари и таа вели дека би патувала, но би си дозволила подобра опрема.

„Ми се случува сред ништо да почувствувам чувство на среќа и чувствувам дека би можела да умрам во тој момент и да не ми биде жал. Недостатокот на комфор е минималната цена која ја плаќам за тоа“, вели таа.

Снежана зборувала и за терористичкиот напад во Турција, каде што патувала со велосипед пред неколку години. Таа вели дека се обидува да ги одбегнува опасните региони, но и дека одела на патувања каде што имало цунами, земјотрес или друга катастрофа.

„Ако човек размислува за тоа, никогаш не би излегол од дома“, вели таа.

Двата најголеми предизвици за Снежана биле качувањето на Хималаите и поминувањето низ пустината Гоби. Хималаите биле многу тешки, вели таа, но тоа било фасцинантно искуство за време на кое сфатила колку човекот е мал, временски и физички. Од друга страна, таа не сакала да помине низ Гоби, но немала друг избор освен да користи други превозно средство. Вели дека тоа бил најтежок предизвик за неа и дека возела велосипед на -10 степени.

Снежана вели дека живее од продажба на книгите и издавањето на мал стан во Белград, но понекогаш работи за време на патувањата. Така, во Русија продавала квас на улица, а во Азија волонтирала како професорка по англиски јазик.

Во Србија моментално е поради промоција на книга, по што се враќа во Кина (каде што го оставила велосипедот), а потоа планира да ги посети Јужна Кореја, Јапонија и Филипините доколку добие виза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi