30 најстрашни места на Земјата

17 октомври, 20160
1

Треба да ги посетите овие места…ако не сте премногу уплашени…
Постојат некои места на овој свет што го одземаат здивот. Од природни чуда до метрополи направени од човекот, овие убави места привлекуваат голем број на посетители секоја година. Постојат и други, помалку живи места што нудат некои спектакуларно морничави знаменитости на туристи кои сакаат поинаков вид на возбуда (и морници) за време на нивниот одмор.

1. „Врата до пеколот“ – Дервезе, Туркменистан
Поле со природен гас што советски инженери пробале да го изгорат во 1971 константно гори од тогаш и изгледа дека нема никогаш да престане. Кога ѓаволот ќе дојде на Земјата, најверојатно ќе пројде од тука.

2. Остров на куклите – Мексико
Овој многу мал остров близу до Мексико Сити бил населен од човек самец, Хулијан Сантана Барера, кој ги закачувал отфрлените кукли што ги пронаоѓал како пловат во околна река 50 години за да го задоволи духот на девојка која се удавила во близина и која тој кажал дека го прогонувала додека не умрел од срцев удар близу до истата река. Неможеме да замислиме зашто бил исплашен до смрт…

3. Припјат, Украина
Овој град од речиси 50.000 жители бил брзо евакуиран во исходот на нуклеарната катастрофа во Чернобил, кој се наоѓа во близина. Посетете го нивниот познат забавен парк и ќе се вратите сјаејќи.

4. Капела дос Осос – Евора, Португалија
„Капелата на коски“ била изградена од (многу чуден) калуѓер во 1500-те кој ја декорирал зградата со коските на околу 5.000 други монаси. Ако ова не ви е доволно морничаво, има и две тела што висат од таванот и едно од нив е дете. Исус би се гордеел.

5. Гранд хотел Приштина – Приштина, Косово
Овој хотел во главниот град на Косово веќе не е толку „грандиозен„. За време на бруталните Балкански војни во 90-те, српски милитанти го користеле хотелот како место за измачување и егзекуција на нивните затвореници.

6. Катакомбите на Париз
Мрежата на тунели под Градот на светлата е преку 321 километри долг и е дом на преку 6 милиони тела. Некои делови на катакомбите се отворени за јавноста како официјален музеј, но други делови се недостапни, а се сепак нелегално посетувани од илјадници љубопитни туристи и локални бељаџии.

7. Шума Аокигахара – Јапонија
Убавината на оваа шума, лоцирана близу до дното на планината Фуџи, го прикрва нејзиниот надимак „Шума на самоубиството“. Во текот на повеќе од 60 години, околу 100 луѓе се самоубивале во шумата секоја година. Тоа е сериозен проблем во Јапонија што локалните авторитети не се сигурни како да го прекинат.

8. Висечки ковчези – Сагада, Филипини
Локалните племиња го практикуваат обичајот на закачување на ковчезите на нивните мртви на карпи со надеж дека така ќе бидат поблизу до рајот. И каков поглед имаат!

9. Старите еврејски гробишта – Прага
Гробиштата се скоро 600 години стари и во нив има околу 12.000 надгробни плочи. Според еврејската традиција, ниту едно тело никогаш не било поместено, па кога снемало простор телата биле ставани во слоеви, сега 12 слоеви длабоки. Се проценува дека има 100.000 тела во овие гробишта.

10. Рузвелт хотел – Холивуд, Лос Анџелес
Доколку сакате да ве прогонуваат духови, посетете го Рузвелт хотелот во Лос Анџелес. Хотелот бил многу важен во времето на Стариот Холивуд и се вели дека Мерилин Монро сé уште ја посетува нејзината омилена соба, апартманот 1200.

11. Ташироџима, Јапонија
Малиот остров што е дом на околу 100 рибари е повеќе познат по неговите други жители, стотиците мачки што му го даваат името „Мачји остров“ на местото. Чувани за добра среќа, мачките се насекаде. Доколку не сте човек што сака мачки, овој остров дефинитивно не е за вас.

12. Ила да Кеимада Гранде, Бразил
Ова е уште еден мал остров, но со многу пострашни жители. Во близина на брегот на Бразил, малиот „Змиски остров“ е дом на околу 4.000 златни отровници и е единствено место во светот каде можат да се најдат овие екстремно отровни змии. Единствените луѓе кои понекогаш се осмелуваат да го посетат овој ненаселен остров се некои многу храбри научници.

13. Домот на бугарската комунистичка партија

Скриен во Балканските планини, се наоѓа овој напуштен монумент на комунизмот. Графити ги одбележуваат ѕидовите на поранешното седиште на бугарската комунистичка партија. Местото изгледа како урнат вселенски брод. Како да е од друг свет.

14. Стенли хотел – Естес Парк, Колорадо
Уште од раните 70-ти се известува дека има паранормални активности во хотелот Стенли, а една помината ноќ таму го инспирирала Стивен Кинг да го напише романот „Сјаењето“.

15. Градина на отровот – Алнвик, Англија
Во овој дел на познатата градина Алнвик, дефинитивно не сакате да застанете да ги помирисате цвеќињата затоа што можат да ве убијат. Овој дел бил додаден во 2005 како туристичка атракција, растенијата во градината се токсични и отровни и се одгледуваат за образовни цели.

16. Кембриџ воена болница – Алдершот, Англија
Од 1878 до 1996 во болницата се третирале британски војници, а потоа и цивили сé додека не ги затворила своите врати поради високи трошоци и азбест. Се вели дека душите на еден или двајца несреќни пациенти сé уште не ја напуштиле болницата.

17. Бунар на Јаков – Вимберли, Тексас
Овој природен извор е популарно место за пливање, но сложената мрежа на подводни пештера под површината е вистинската атракција за амбициозните истражувачи. На жалост, во пештерите починале осум луѓе кои го подцениле бунарот.

18. Црквата на Св. Ѓорѓија – Лукова, Чешка
Уметникот Јакуб Хадрава иронично вратил малку живот на оваа напуштена чешка црква со тоа што поставил гипсени скулптури на духови. Туристи од целиот свет доаѓаат да ги видат морничавите привиденија.

19. Замок Лип, Ирска
Замокот има мрачна историја поради тоа што бил центар на неколку борби за моќ во текот на повеќе од 500 години. Во средината на 1500-те, сукобот помеѓу браќата од О’Карол кланот станал крвав кога еден од браќата го прободел и усмртил другиот, свештеник, пред неговото семејство додека се одржувала миса во црквата во замокот.

20. Кризиу Калнас, Литванија
„Ридот на крстовите“ служи како централна локација за религиозните Литванци кои поставуваат крстови на ридот преку 150 години. Дури и откако Русите од Советскиот Сојуз го уништувале ридот неколку пати, верниците се враќале и носеле сé повеќе крстови со нив. Сега има преку 100.000 крстови на ридот.

21. Остров Хашима, Јапонија
Напуштениот остров што се наоѓа близу до брегот на Нагасаки бил дом на преку 5.000 жители како заедница на рудари, сé додека не пресушиле рудниците во 1974. Островот бил напуштен и сега стои како временска капсула, 40 години подоцна.

22. Метро систем – Синсинати, Охајо
Овој град се обидел да изгради метро систем, но снемале финансиски средства во 90-те. Сега ни градот се протега морничав систем составен од полу изградени тунели и напуштени метро возови.

23. Сан Жи Ресорт – Тајван
Изградбата на овој ресорт што се наоѓа во близина на Тајпеј била прекината откако се случиле серии на мистериозни несреќи и самоубиства. Луѓето велеле дека овие несреќи биле причинети од лоша среќа поради уништувањето на кинеска статуа на змеј за време на изградбата и/или можеби поради тоа што на местото имало стара гробница за холандски војници.

24. Морски тврдини во Монсел – Северно Море
Британците ги изградиле овие чудни тврдини во средината на Северното Море да спречат нацистичка инвазија за време на Втората светска војна. Очигледно, тие не помогнале многу, но сé уште стојат и денес, празни.

25. Болница Беелиц-Хајлштетен – Германија
Оваа застрашувачка стара болница го третирала Хитлер неко време. Доволно кажано.

26. Централиа, Пенсилванија
Централиа станал град на духови во раните 80-ти откако подземен руднички оган почнал да испушта токсични гасови. Денес, десет од жителите на градот решиле да останат и да го живеат остатокот на нивниот живот во карантин.

27. Државен затвор на Западна Вирџинија
Во затворот биле егзекутирани над 100 луѓе. Кој не би сакал да го посети?

28. Повеља, Италија
Познат како „Остров на чумата“, Повеља било место за принуден карантин за жртви од чумата (околу 160.000 луѓе) од 1793 до 1814. Нивните масовни гробници сé уште се таму. Што е уште поморбидно, подоцна на островот имало душевна болница чиј доктор правел чудни експерименти на пациентите пред да се самоубие затоа што рекол дека бил прогонуван од духови.

29. Светилиште на Тофет, Тунис

Античките Тунижани жртвувале илјадници деца во тешки времиња.

30. Пазар Акодесева, Того
Во Того, каде многу луѓе сé уште практикуваат домородни религии, нема подобро место да се купат глави од мајмуни од пазарот Акодесева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi