Кои работи ги обожавате според хороскопот?

18 август, 20160
1

Дали сте размислувале околу тоа кои работи ги сакате, а се поврзуваат со вашиот хороскопски знак? Кои работи ги обожавате според хороскопот?

Работите кои ги сакаме допринесуваат во обликувањето на нашата личност. Ни овозможуваат задоволство и утеха, а се во основа, дел од она што сме како личност – баш како и хороскопскиот знак во кој сме родени.

Хороскопските знаци зборуваат многу за нас, нашите скриени способности, начинот на кој одбираме работи, а можат и да објаснат зошто некои работи ги обожаваме.

Секој знак си има свои омилени работи. Кои се вашите?

Овен

Овенот обожава авантури, натпреварување, моментот пред да се спушти надоле ролеркостерот, танцување на гласна музика и гласно смеење од кој едвај може да дише.

Бик

Биковите сакаат ноќи поминати во гледање на љубовни филмови, празници, топол кревет и скапа постелнина, првиот залак од вкусна храна која посакувале да ја пробаат и задоволството кога нешто ќе постигнат сами.

Близнаци

Близнаците обожаваат да се смеат со некого. Сакаат дождливи ноќи, сончеви денови, долги разговори, сакаат да зборуваат за сè, да бидат со луѓе и да посетуваат одлични ресторани.

Рак

Ракот сака прегратки, зимска облека, гледање на цели сезони од некоја серија, будење пред сите други на одмор, дождливи денови поминати со книга, чај или тост, а сакаат и да имаат некој имот на свое име.

Лав

Лавовите обожаваат кога се во центарот на вниманието. Покрај тоа, обожаваат кога ќе пронајдат добро парче облека на распродажба, да знаат цели цитати напамет, добро вино и патување со пријателите.

Девица

Ако некој ужива во самотијата, тогаш тоа се Девиците, Вредните Девици, исто така, сакаат зацртани работни идеи, разговори со родителите за нивното детство, организирана кујна и исполнето време.

Вага

Вагите сакаат пофалби за работите кои ги завршиле, најмногу од сè. Сакаат плетенки, кафе, британски акцент, француски филмови, индиската култура, тајландската кујна и да ги гледаат омилените филмови, одново и одново.

Скорпија

Скорпиите обожаваат кога се смеат додека стомакот не ги заболи и бакнување додека не ги здоболат усните. Покрај тоа, сакаат благо, невреме, чудни и смешни чорапи, топол чај после некој зимски спорт.

Стрелец

Стрелецот најмногу го придвижува чувството на победа, но и кога некоја книга целосно ќе им го одземе вниманието. Сакаат отворање со емоции, патување, но и да се насмевнат на некој непознат човек едноставно, затоа што се среќни.

Јарец

Јарецот најмногу на целиот свет ја сака првата шолја кафе. Но, и добри комедии, добро организиран гардеробер и пријатели кои ќе ги дочекаат тогаш кога ќе паднат. Чудна омилена работа? Креативни ледени скулптури.

Водолија

Водолиите обожаваат музика која ги опишува нивните емоции, луѓе со поинаков поглед на светот, чувството на голи стапала на трева или песок, поглед кон огномет и ноќно небо.

Риби

Рибите обожаваат да го набљудуваат изгрејсонцето и зајдисонцето, да ја забележат симпатијата точно тогаш кога гледа во нив, скапи и луксузни куфери, одмор на плажа, љубезни непознати лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi