Кои се фетишите на хороскопските знаци

6 декември, 20160
11

Секој хороскопски знак има своја по малку “перверзна“ страна, секако некои повеќе некои помалку.

Во прилог прочитајте што го привлекува вашиот партнер, па зошто да не го изненадите и со тоа да ја “зачините“  вашата врска.

ОВЕН

Како што му доликува на првиот хороскопски знак, Овните задоволството го пронаоѓаат во искуство кое подразбира високо ниво на адреналин. Тие го сакаат природниот мирис на телото, но и кога креветот се поместува од страст.

БИК

За личностите во овој знак карактеристично е да уживаат во долго и страсно бакнување. Модринките на вратот од бакнување се посебен фетиш за биковите.

БЛИЗНАЦИ

Овој хороскопски знак е познат по тоа што брзо забележува привлечна личност и се завршува брзо и жестоко. Близнаците уживаат во љубовни игри и сето тоа го прават на брзина.

РАК

Од Ракот може да се очекува се само доколку се почувствува дека е вистински сакан. Тие сакаат да си играат и да земаат улоги од типот на медицинска сестра, стјуардеса и слично.

ЛАВ

Свечена церемонија и малку егзибиционизам е она што го импресионира Лавот. Флерт, стриптиз и нежно гризнување на вратот е она што му е потребно на секој Лав.

ДЕВИЦА

Во античко време Девиците биле знак на ропство. Денес врзувањето е токму еден од сексуалните фетиши на овој знак. Девиците особено уживаат во улога на доктор, медицинска сестра и ставање на маски.

ВАГА

Родените во овој знак особено го сакаат задникот, затоа е и сексуален фетиш на “удирањето“ по задникот. Се што има врска со преземање на улоги е блиско до Вагите.

ШКОРПИЈА

Карактеристика на Шкорпијата е да не се плаши од темницата и да ужива во задоволствата. Најголем фетиш на овој знак е водењето љубов во вода и врзувањето на очи. Нив најмногу ги воодушевува мистериозноста.

СТРЕЛЕЦ

Второ име на Стрелецот му е авантурата, поради тоа не треба да очекувате ништо помалку кога е фетишот во прашање.
Уживаат во сексуалните игри и во можноста да бидат откриени.

ЈАРЕЦ

Замислете ги планинските врвови по кои Јарците се качуваат, така најлесно ќе ги сфатите нивните фетиши.
Високи штикли се неопходни за да се чувствуваат возбудено.

ВОДОЛИЈА

Футиристичките и прогресивни фетиши се она што Водолијата го сака. Тие сакаат да водат љубов преку интернет или мобилен, сакаат “валкани“ разговори.

РИБИ

Рибите го имаат еден од најчудните фетиши, односно уживаат во стапала. Фотографии и воајерство исто така им се многу блиски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi