Луѓето со сини очи имаат една взаемна работа

26 декември, 20160
6

Што имаат Џеред Лето, Бред Пит, Тејлор Свифт и Даниел Редклиф сите взаемно?
Па, освен тоа што се богати и славни, тие се технички и роднински поврзани.
Според списанието Science Daily, луѓето со сини очи (вклучувајќи ги и нашите случајно избрани познати личности) имаат единствен, заеднички предок.
Истражувачи на Универзитетот на Копенхаген тврдат дека откриле генетска мутација што е одговорна за сините очи, а се случила пред помеѓу 6000-10 000 години.
Професорот Ханс Ајберг од Одделот за целуларна и молекуларна медицина изјави за Science Daily:
„Првично, сите сме имале кафени очи, но генетска мутација која влијаела на генот ОЦА2 во нашите хромозоми резултирала со создавање на „пресврт“, кој буквално ја „исклучил“ способноста да се создаваат кафени очи.“
Генот за којшто зборува Професорот Ајберг е одговорен за еден протеин, кој од другата страна е одговорен за производството на меланин. Меланинот е тоа што им дава боја на нашата коса, кожа и очи.
Синооките луѓе имаат само мала доза на меланин во нивните очи и поради ова истражувачите заклучиле дека тие имаат заеднички предок.
„Сите тие го наследиле истиот пресврт на точно истото место во нивната ДНК.“ – Тој додаде.
Баш како пегите, младежи или ќелавост, синоокиот ген не е „лоша“ или негативна мутација.
Професорот Ајберг објасни:
„Тоа едноставно покажува дека природата постојано го врти човечкиот геном, создавајќи генетски коктел од човечки хромозоми и патем ги испробува различните промени.“
Секако, доколку сте во романтична ситуација и зјапате во големите сини очи на вашиот партнер не би ви бил најромантичен потег да го/ја наречете мутација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *