Најголеми превртливци: Овој хороскопски знак без проблем ќе ви забие нож во грб

18 август, 20160
7

Ова е хороскопскиот знак кој ќе ве остави на цедило во моментите кога ви е најпотребен.

Можеби веќе погодивте – се работи за Близнаците. Тие се толку опседнати со себе, што дури и несвесно може да ви нанесат штета. Исто така, може да сметате дека ќе ве остават на цедило во моментите кога ви се најпотребни, бидејќи тоа за нив е сосема нормално.

Ветувањата кои ви ги дале слободно можете да ги заборавите, бидејќи за нив каква било одговорност е само мисловна именка. Ако ги прекорите, очекувајте дека ќе ви вратат тогаш кога најмалку очекувате и на начин кој ќе ве здоболи најмногу.

Она што може посебно да ве изнервира е што после сè, тие ќе бидат тука и ќе ви делат совети во стилот: „Ете, да ме послушаше сè ќе беше во ред“, бидејќи тие мислат дека нивната „мудрост“ е најголема на светот и дека тоа е начинот на кој тие им помагаат на луѓето.

Многу лесно ќе ви го свртат грбот, бидејќи се едноставно површни и најголемиот дел од своето време го поминуваат во размислување за најдоброто нешто на светот – себе.

Да не биде дека само ги критикуваме Близнаците, мора да се признае дека тие се одлично друштво и знаат да бидат многу духовити, забавни и симпатични. Меѓутоа за подлабоко пријателство, добро внимавајте со нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *