Вашето расположението зависи од годишното време во кое сте родени

31 мај, 20160
3

Хороскопот е тој кој вообичаено сугерира дека нашето однесување и карактеристики се условени од датумот на раѓање. Но сега и науката има своја теорија според која годишното време во кое сме родени влијае на нашето расположение благодарејќи на нашиот биолошки часовник и присутното количеството на дневна светлина во времето кога сме родени. 

Универзитетот во Будимпешта неодамна споведе истражување кое ја потврдува оваа теорија. Истражувањето е направено на примерок од 366 студенти кои пополнувале прашалници чија цел била да го одредат типот на нивниот карактер. Потоа нивните одговори биле поврзувани со нивниот датум на раѓање. Резултатите покажале дека годишното време во кое сме родени може да влијае на шансите за развој на одредени афективни пореметувања. Научниците кои работеле на истражувањето овој феномен го објаснуваат со тоа што годишните времиња влијаат на лачењето на допамин и сeратонин, хормоните задолжени за расположението.

Сепак, и самите велат дека овој феномен треба уште да се истражува, а засега вие можете да проверите дали се пронаоѓате во следниве описи.

Пролет

Лицата родени во пролет имаат т.н. хипертермички темперамент, што значи дека се попозитивни од лицата родени во другите годишни времиња. Поради тоа лицата родени во пролет покажуваат оптимизам и ентузијазам. Често се случува овие лица да покажуаат склоност кој уметностите.

Лето

Лицата родени во лето имаат циклотимички темперамент, што значи дека често го менуваат расположението без некоја особена причина. Освен тоа тие се понервозни од лицата родени во другите годишни времиња, а често ги опишуваат и како луѓе кои лесно се вљубуваат. Овие се лица често го менуваат работното место и склони се кон конфликти.

Есен

Иако можеби не би го очекувале тоа, но луѓето родени во есен се најмалку склони кон депресија, наспроти дождливите есенски денови. Иако не се опишуваат како премногу позитивни личности, тие се прилично рационални и имаат најмал ризик од психички болести. Освен тоа тие се прилично физички активни.

Зима

Лицата родени во зима се емотивно најстабилни, односно најотпорни на емоционални стресови. Истражувачите ова го објаснуваат со фактот дека како бебиња во мајчиниот стомак биле најизложени на сонце. Овие луѓе повеќе се водат разумот отколку со чувствата, а често се постојани кога станува за ставови и цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *