Вреди ли да се збогатите? Заработил 15 милиони долари и ќе ви објасни зошто богатството не го усреќило!

23 август, 20160
13

Вреди ли да се збогатите? Ова прашање е поставено на онлајн платформата Quora, а еден од анонимните корисници дал интересен одговор кој ви го пренесуваме во целост:

– Заработив 15 милиони долари во своите 20-ти години кога продадов стартап компанија. Разговарав со многу луѓе за ова прашање и многу размислував за тоа како да останам истата личност која бев пред да ги заработам парите.

Еве го мојот одговор: да бидеш богат е подобро отколку да не си, но не е ни приближно толку добро како што си замислувате.

Одговорот е малку покомплициран.

Како прво, една реална работа која ти ја дава богатството е можноста повеќе да не се грижиш за пари. Се уште ќе постојат нешта кои не можеш да си ги дозволиш (а би сакал да можеш), но можеш да направите поголеми трошоци без размислување. Тоа, без сомнеж, дефинитвно е добра работа.

Но, со богатството доаѓаат и некои мани. Првото нешто што ќе го помислите кога ова ќе го прочитате е „исплачи се“. Тоа е мана. Повеќе не ти е дозволено да се жалиш за било што. Ти си се уште човек, но повеќето луѓе не те третираат така.

Постои и друга мана. Многу луѓе сега сакаат нешто од тебе и може да биде тешко да сфатиш дали некој е добар кон тебе затоа што му се допаѓаш или поради парите. Ако не сте во брак се уште – среќно со размислувањето дали партнерот е заинтересиран за вас или за вашите пари.

Потоа имаш пријатели и семејство. Со малку среќа, врската со нив нема да се расипе, но може да стане потешка. Сите можат да станат многу чудни и да те третираат поинаку. Можеби ќе ти побараат позајмица (лоша идеја, ако давате пари – секогаш давајте ги како подарок). Еден чест проблем е што повеќе не ги ценат подароците за Божиќ како што некогаш ги ценеле. Имаат нереални очекувања за тоа каков подарок требало да биде и се разочарани кога нема да ги исполниш нереалните очекувања.

Соберете ги овие работи и ќе почнете да добивате некое чувство на изолација.

Понекогаш лежите будни, размислувате за тоа дали сте донеле вистинска инвестициска одлука. Го знаете она чувство кога стоите на висока зграда, чувството дека би можеле да го изгубите паметот и да скокнете? Понекогаш сте загрижени дека би можеле да го изгубите паметот и да потрошите се`.

Следно нешто кое мора да го разберете за парите е ова: сите работи кои сакате да ги купите, ви вредат нешто само затоа што не можете да си ги дозволите. Можеби ви паднало на око ново Ауди. Во моментот кога ќе го имате, тоа едноставно не ви значи многу.

Се` е релативно. Да, навистина уживаш во првиот месец возење со Аудито или ручеците во скапи ресторани. но, тогаш се навикнуваш на тоа. И потоа размислуваш за следнато нешто, следната граница. Проблемот е што мораш да ги ресетираш своите очкувања, а се` под таа граница повеќе не те возбудува.

Тоа им се случува на сите. Добрите луѓе ја задржуваат перспективата, активно се борат против ова и остануваат приземјени. Полошите луѓе се жалат поради тоа. Но, сетете се на ова: тоа би ви се случило и вас, иако не мислите така. Верувајте ми.

Поголемиот дел од луѓето имаат илузии дека животот би им бил подобар и дека би биле посреќни ако имаат пари. Тогаш стануваат богати, а тоа не се случува и тоа може да ги фрли во сериозна животна криза.

Ако сте дел од средна класа, имате многу прилики со својот живот да правите што сакате. Ако не сте среќни тогаш, нема да бидете ниту поради парите.

Без оглед на тоа дали сте богати или не, направете го она што го сакате од својот живот и немојте да ги користите парите како изговор. Излезете надвор, вмешајте се, бидете активни, следете ја својата страст и направете некоја разлика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *