„Ain’t Your Mama“: Сингл од новиот албум на Џеј Ло кој ќе биде објавен годинава
10 мај, 20160
Џенифер Лопез се бори за излегување на жените од сенката на мажите низ различните децении во спотот за „Ain’t Your Mama“.
46-годишната ѕвезда влегува во улогата на домаќинка од 50-тите години, секретарка од 60-тите години инспирирана од серијата „Mad Men“, работничка во фабрика од 70-тите години, бизнис дама од 80-тите години и модерна жена која не им се потчинува на мажите и е решена да стави крај на родовата нееднаквост.
За групниот танц на крајот на видеото, Лопез носи високи чизми дизајнирани од Ријана и Маноло Бланик.
„Ain’t Your Mama“ е сингл од деветтиот албум на Лопез кој ќе биде објавен годинава.