ДЕМИ ЛОВАТО ЈА ПРЕПЕА „WHEN WE WERE YOUNG“ НА АДЕЛ
18 октомври, 20160
Деми Ловато мошне добро ја препеа моќната балада на Адел When We Were Youngво Кливленд, Охајо. Погледнете го видеото!
24-годишната пејачка на 2. септември како дел од нејзината турнеја Future Now, се појави на сцената во Кливленд, Охајо облечена во бел корсет од чипка со долги ракави и високи чизми кои одлично ја истакнаа нејзината фигура. Таа уште од првиот момент ја маѓепса публиката, а веројатно најдобриот дел од вечерта беше кавер верзијата на најмоќната балада на Адел When We Were Young.
Ловато им потврди на обожавателите дека ова е една од нејзините омилени песни. Погледнете го нејзиниот настап и сами одлучете која верзија на песната ви се допаѓа повеќе.