Џенифер Лопез како божица на кокаинот

6 септември, 20160
13

Подгответе се да ја видите Џенифер Лопез во едно поразлично светло од она на кое сте досега навикнати.

Дивата обично има улоги на херој или полицајка во различни серии и филмови, но сега ќе ја запознаеме како „Кралица на кокаинот“.

Имено, таа ќе се најде во улогата на Гризелда Бланко, колумбиска кралица на трговијата со дрога, во најновиот филм на HBO продукција. Ќе се потруди да ги долови подемите и падовите на Гризелда со кои таа се соочувала во 70-тите и 80-тите години. Според досегашните сознанија, божицата на кокаинот била одговорна за 200 убиства, а ја убиле на 70-годишна возраст.

– Со години сум фасцинирана од животот на оваа корумпирана и комплексна жена. Идејата да се соединиме со HBO за овој проект е одлична, изјави Џеј Ло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *