Мартија со изведбата на Џелем Џелем го убеди жирито дека таа е победникот на шоуто

20 април, 20160
Мартија со изведбата на Џелем Џелем го убеди жирито дека таа е победникот на шоуто

По најновиот настап на Мартија во Пинкови Ѕвездички, жирито и публиката се согласија дека токму таа е најкомплетната натпреварувачка во шоуто.

Феноменалната Мартија Станојковиќ ја отпеа Џелем Џелем и несвесно извлече од жирито дека сите ја сметаат за неофицијален победник.

„Мислам дека во овој натпревар најкомплетната личност, и во пејачка и во сценска и во глумачка смисла, и комплетно во се, си ти. За мене ти си победник во секоја смисла на зборот. Затоа што постои нешто во тебе што е неверојатно. Многу те сакам и многу сум среќна што си тука,“ не штедеше зборови и емоции Гоца Тржан.

„Дајте  му на детето некоја стипендија, одма испратете го негде,“ апелираше Леонтина, која не беше ништо помалку воодушевена и додаде:

„Веќе ги проби балканските граници. Голема штета е да не те види некој надвор од тие граници. Ние сме свесни за твојата големина. Јас кога зборувам со тебе, сметам дека зборувам со некој рамен на себе.“

„Вака професионален настап не сум видел ни во двете сезони,“ кратко и јасно искоментира Харис.

Не го пропуштајте настапот:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi