Алесандра Амбросио во ова издание го постигнаа максимумот, оставајќи многу малку на фантазијата!

25 јуни, 20160
14

Алесандра Амбросио која важи за една од најубавите жени на светот, но и за една од најплатените манекенки, имаше мала незгода со ветерот во стилот на Мерилин Монро додека снимаше рекламата за нејзиниот нов парфем.

Таа изгледа неодоливо што и да облече, а во некои изданија можеме слободно да кажеме дека повторно го дефинира поимот на женската убавина и сексапил. Таа на познатата плажа во Малибу снимаше реклама за својот нов парфем и за таа пригода носеше перфектен, елегантен фустан во нежна розова боја која е еден од водечките трендови за оваа сезона.

Но, поради ветерот оваа романтична реклама остави сосема поинаков впечаток, а за тоа беше заслужна нејзината витка фигура и секаспил кои во ова издание го постигнаа максимумот, оставајќи многу малку на фантазијата.

Инаку, познатата бразилска манекенка има две деца, синот Ноу (кој е роден во 2012) и ќерката Ања (родена во 2012) со кои го минува секој слободен момент. Но, како што вели таа, токму нејзините деца се најзаслужни за нејзината витка линија, но не негира дека има и добри гени поради кои едноставно не може да се поправи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *